Велес домаќин на финалето во футсал Купот на Македонија
- Футсал екипите Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во на Купот на Македонија.
Скопје, 19 април 2024 (МИА) – Футсал екипите Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во на Купот на Македонија.
Финалната пресметка помеѓу Клими и Форца 2015 ќе биде одиграна на 21. Април, одлучи денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Домаќин на финалниот натпревар ќе биде Велес, а финалето ќе биде одигран во спортскиот центар „Гемиџии“.
Финалниот футсал натпревар помеѓу Клими и Форца 2015 е закажано со почеток во 18. часот. ег ФОТО: ФФМ