• понеделник, 08 јули 2024

Васил Хаџиманов Бенд ќе го претстават новиот студиски албум „Кејф“ во МНТ

Васил Хаџиманов Бенд ќе го претстават новиот студиски албум „Кејф“ во МНТ

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Во фоајето на Македонски народен театар денеска од 12 часот ќе се одржи прес-конференција на Васил Хаџиманов Бенд за новиот студиски албум со наслов „Кејф“.

Албумот „Keyf“ е осми студиски албум на бендот и објавен е во дигитален и CD формат од страна на хрватската издавачка куќа Croatia Records. 

Содржи девет песни продуцирани од Васил Хаџиманов, Марко Периќ и Тони Китановски. 

Васил Хаџиманов е музичар со единствен сензибилитет. Како пијанист, композитор, аранжер и педагог, тој е незаменлива врска на регионалната џез сцена и поединец кој во себе носи дел од своите предци кои, секој на свој начин ги обележија музичките простори на Балканот. ар/мд/

Фото: Васил Хаџиманов Бенд

 

Остани поврзан