• петок, 22 ноември 2024

Ванковска: Ни треба нов Устав, но не под диктат на странците

Ванковска: Ни треба нов Устав, но не под диктат на странците

Скопје, 9 април 2024

“Јас себе би сакала да се видам како народен претседател, кој ќе ги претставува сите граѓани. Некој мора да има храброст да каже дека овој Устав што го имаме е крпен, долепен, со најголем број на уставни амандмани, во толку кус период. По настаните во 2001 година, преку уставни реформи се модифицираше политичкиот систем. Со тој упад, ние практично го трансформиравме оној првично замислен либерален, демократски Устав, “Ние Народот”, “Ние Нацијата”, во”Ние, етничките заедници”. И од тука натаму, всушност почнува една сериозна деформација на политичкиот систем. Нас ни треба сосема нов Устав. Прашањето е само дали има политичка воља?

 Не можам да најдам оправдание за етнотрибализам, етничка сеградација, картели на елити кои одлучуваат зад затворени врати за нас. Дури и за формирање на влади се договараат за амнестија на воени злосторства или за некакви отстапки. Тоа не е начин, на кој една нација се гради. 

Кога зборувам за достоинството на нацијата, не мислам на македонскиот народ исклучиво, туку на сите граѓани во државата да бидат еднакви. Треба ние да си донесеме Устав, а не странците да ни наметнуваат. Рамковниот договор беше напишан на англиски. Беше напишан од странски експерти. Преспанскиот договор да не потсетувам, беше наместен.

Јас сум да имаме релации со сите, вклучувајќи го и Брисел, затоа што таму најмногу сме инвестирале од нашиот политички капацитет, реформи и слично. Ние сме мала држава, која мора да соработува со сите, за се она што е во нејзин интерес.

ЕУ за жал се милитаризира. Ние не можеме да веруваме дека ЕУ е трајно нешто. Таа се менува. Во Германија, јавноста веќе притиска за излегување од ЕУ. Јас сум за трезвено гледање на работите. ЕУ менторството е во ред, но не да бидат владетели во оваа држава.

НАТО го ветуваа како економска бонанза, ќе бидеме безбедна дестинација... Само за овие неколку години, за воена опрема и оружје имаме потрошено повеќе од 34 пати во сума, во пари, за да покажеме колку сме лојални, притоа одземајќи од социјалните потреби на граѓаните. Нашата алтернатива е воена неутралност. Ја не сакам Македонија да биде ничиј геополитички плен.  

 Ако сега бев претседател, еден куп закони немаше да потпишам, почнувајќи со промената на кривичниот законик. Меѓутоа, треба да се трансформира Собранието кое е сега гласачка машинерија и само крева рака, тоа е катастрофата.Такви закони не би смееле да излезат д Собранието.

Јас сум против тоа во Собранието да се бира Претседател на држава. Јас ќе апелирам да се укинат привилегиите на сите бивши претседатели. Избор на Претседател во Собранието е само јакнење на етнократијата, и партократијата.

Сум за глање на дијаспората и места во Парламентот. Мислам дека тие можат да имаат голем и значаен удел во државата. Но, сегашната поставеност околу ова прашање преба да се преиспита. 

Апсолутно сум за укинување на патните трошоци за пратениците во Собранието. 

Мојата поддршка на Резолуцијата на ООН за прекин на трговското ембарго кон Куба, е изразување на мојата лична, меѓутоа и таа на Левица, определба кон интернационализам и солидарност со други прогресивни движења.”

дел од интервјуто на кандидатот за претседател на Левица - проф. Билјана Ванковска, за телевизија „Телма“

ПП Левица

Фото: ПП Левица

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан