• вторник, 02 јули 2024

Буфон се договорил со Парма

Буфон се договорил со Парма
Рим, 13 јуни 2021 (МИА) – Прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон кариерата ќе ја продолжи во Парма. - Четириесет и тригодишниот Буфон се согласи на двегодишен договор, напиша на Твитер инсајдерот Николо Шира. Буфон го напушти Јувентус ова лето поради истекот на договорот. Тој дебитираше во Парма во ноември 1995 година на возраст од 17 години, 9 месеци и 22 дена, играјќи 0:0 против Милан. На крајот на сезоната 2020/21, Парма испадна во Серија Б. Буфон има искуство со играње во втората лига на Италија: сезоната 2006/07 во Серија Б тој бранеше за Јувентус, кој беше „исфрлен“ од елитата по истрага за корупција. зс/

Остани поврзан