• четврток, 19 декември 2024

Бугарски тениски судија доживотно суспендиран

Бугарски тениски судија доживотно суспендиран

 

Лондон, 19 април 2024 година (МИА) – Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотен суспендиран поради 21 прекршување на тениската антикорупциска програма, соопшти денеска Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА).

Атанасов првично ги отфрли обвинувањата пред да ја повлече жалбата пред сослушувањето. Атанасов е казнет и со 10.000 долари.

Тој се изјасни за виновен за бројни прекршувања на тениската антикорупциска програма во периодот помеѓу 2019 и 2023 година, вклучително и манипулација со податоци за резултатите од натпреварите со цел обложување, олеснување на обложување, корупција, обложување на тениски натпревари и непријавување корупција. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан