Бугарија поднесе барање до ЕК за финансирање од 3,2 милијарди евра во рамките на механизмот SAFE
- Бугарија поднесе барање до Европската комисија (ЕК) за финансирање од 3,2 милијарди евра во рамките на инструментот „Безбедносни мерки за Европа (SAFE) преку зајакнување на европската одбранбена индустрија“, придружено со Националниот план за инвестиции во европската одбранбена индустрија. Ова го соопшти за БТА Министерството за одбрана.
Софија, 1 декември 2025 (МИА) - Бугарија поднесе барање до Европската комисија (ЕК) за финансирање од 3,2 милијарди евра во рамките на инструментот „Безбедносни мерки за Европа (SAFE) преку зајакнување на европската одбранбена индустрија“, придружено со Националниот план за инвестиции во европската одбранбена индустрија. Ова го соопшти за БТА Министерството за одбрана.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Официјалното барање требаше да биде испратено до 30 ноември, а Министерството за одбрана посочи дека е испратено на време.
Планот вклучува проекти за модернизација на бугарската армија и зајакнување на одбранбените капацитети на земјата, додаде Министерството за одбрана.
Сите проекти во рамките на инструментот SAFE мора да бидат имплементирани до 31 декември 2030 година, објави министерот за одбрана Атанас Запрјанов на крајот на септември.
-На крајот на јули, Советот на министри го одобри изразувањето на интерес со список на приоритетни инвестициски проекти за нашата земја за заедничко стекнување на одбранбени капацитети и модернизација на вооружените сили, посочи тогаш Запрјанов. Приоритетните инвестициски проекти за нашата земја се набавка на 3Д радари; копнени системи за воздушна и ракетна одбрана; развој на артилериски капацитети за поддршка преку набавка на самоодни хаубици од 155 мм; набавка на беспилотни летала и баражна муниција за Копнените сили и Силите за специјални операции; ракетен систем со повеќекратно лансирање со зголемена мобилност; системи за откривање и спротивставување на беспилотни летала; развој на капацитети за транспортно обезбедување на вооружените сили; набавка на противвоздушни ракети VL MICA и муниција од 155 мм, дополнително објасни Атанас Запрјанов.
Национален инвестициски план
На 26 ноември, Советот на министри го одобри Националниот инвестициски план за европската одбранбена индустрија.
Кредитите ќе бидат со поволни каматни стапки со грејс период до 10 години за главницата и рок на отплата до 45 години.
Имплементацијата на проектите вклучени во националниот план, кои се предмет на финансирање во рамките на механизмот SAFE, ќе помогне во градењето и развојот на одбранбените капацитети потребни за гарантирање на националната и Унијата безбедност во контекст на учеството на нашата земја во колективниот одбранбен систем на НАТО и Заедничката безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП) на ЕУ.
Инструментот SAFE
SAFE обезбедува 150 милијарди евра поддршка за проширување на одбранбените капацитети на земјите-членки на ЕУ, главно преку кредити со ниска камата за купување воена опрема. Приоритет се дава на заеднички проекти во кои учествуваат најмалку две земји-членки. Финансирањето за купувања од една земја ќе остане можно доколку договорите се потпишат до крајот на мај следната година.
За да се постигне максимално влијание, проектите ќе се базираат на заедничка набавка во која ќе учествуваат најмалку една земја-членка која има корист од SAFE и други земји-членки, вклучително и Украина, вели Европската комисија на својата веб-страница. мс/
фото: БТА
Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.