• недела, 22 декември 2024

Бугарија одбележува 136 години од обединувањето

Бугарија одбележува 136 години од обединувањето
Софија, 6 септември 2021 (МИА) - Бугарија денеска одбележува 136 години од своето обединување, јави дописникот на МИА од Софија. На 6 септември 1885 година во Пловдив се случи вистинското обединување на Кнежеството Бугарија и Источна Румелија. По воениот удар во автономниот регион Источна Румелија, кој беше дел од Отоманската империја, беше формирана привремена влада, која објави дека се приклучува кон Кнежеството Бугарија. Законот за обединување доби дипломатско и меѓународно признание во 1886 година. По чинот на обединување, Бугарија беше неочекувано нападната од Кралството Србија, а не како се очекуваше од Отоманската империја. Годишнината ќе биде одбележана со серија настани во земјата. Централната прослава ќе се одржи вечерва на плоштадот „Обединување“ во Пловдив со почеток во 20.30 часот. Претседателот Румен Радев ќе одржи говор. Во Софија, Денот на обединувањето ќе се одбележи со свечена церемонија пред Мавзолеј  - костурницата на првиот бугарски принц Александар Први Батенберг, а пред зградата на Претседателството ќе се одржи свечена смена на почесната стража. нк/паг/

Остани поврзан