• среда, 24 јули 2024

Бројот на приведени по протестите во Бангладеш се искачи на речиси 1.200

Бројот на приведени по протестите во Бангладеш се искачи на речиси 1.200

Дака, 23 јули 2024 (МИА) - Бројот на апсења во деновите на насилство во Бангладеш се приближи денеска до границата од 1.200, откако протестите поради квотите за вработување предизвикаа широки немири.

Најмалку 174 луѓе загинаа, вклучително и неколку полицајци, според полицијата и болниците.

Она што започна како демонстрации против политизираните квоти за прием за бараните владини работни места, минатата недела прерасна во некои од најголемите немири во мандатот на премиерката Шеик Хасина.

Беше воведен полициски час и војници беа распоредени низ јужноазиската земја, а прекинот на интернетот низ целата земја драстично го ограничи протокот на информации, што го наруши секојдневниот живот за многумина.

Во неделата, Врховниот суд го намали бројот на резервирани работни места за одредени групи, вклучувајќи ги и потомците на „борците за слобода“ од ослободителната војна на Бангладеш против Пакистан во 1971 година.

Студентската група која ги предводи демонстрациите ги прекина своите протести во понеделникот на 48 часа, а нејзиниот лидер рече дека не сакале реформи „за сметка на толку многу крв“.зш/

Остани поврзан