Дарманен потврди дека уапсениот млад човек бил поврзан со планирање напад за време на Олимписките игри
- Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска потврди дека 18-годишниот маж кој вчера беше уапсен, е поврзан со наводното планирање напад за време на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
Париз, 24 јули 2024 (МИА) - Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска потврди дека 18-годишниот маж кој вчера беше уапсен, е поврзан со наводното планирање напад за време на Олимписките игри (ОИ) во Париз.
-Утврдено е дека тоа лице (уапсениот млад човек) сакало да изврши напади за време на ОИ, рече министерот и додаде дека тоа е четврти план за напад што француските служби го осуетиле, јави француската ТВ БФМ.
Француската антитерористичка полиција потврди дека 18-годишник е уапсен во департманот Жиронд во југозападна Франција, бидејќи планирал да изврши еден или повеќе напади, но не соопшти дека има каква било врска со ОИ. мс/
фото: МИА архива