• понеделник, 16 септември 2024

Бројот на загинати во поплавите во Мјанмар достигна 113

Бројот на загинати во поплавите во Мјанмар достигна 113

Рангун, 15 септември 2024 (МИА) - Бројот на загинати во поплавите предизвикани од тајфунот Јаги во Мјанмар се искачи на 113, а повеќе од 320.000 луѓе се раселени, соопшти денеска воената хунта во земјата.

- Во целата земја загинаа 113 лица, 64 се водат како исчезнати, а 14 се повредени, изјави портпаролот на хунтата Зав Мин Тун.

Тој додаде дека „повеќе од 320.000 луѓе или 78.000 домови се евакуирани во привремени кампови за помош“, пренесува Бета.са/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан