• понеделник, 04 ноември 2024

Бројот на загинатите во украинското гранатирање на Белгород се зголеми на седуммина

Бројот на загинатите во украинското гранатирање на Белгород се зголеми на седуммина

Москва, 16 февруари 2024 (МИА) - Бројот на загинати во украинското гранатирање на Белгород во Русија се искачи на седум, а бројот на повредени на 19, изјави шефот на регионот Вјачеслав Гладков.

Гладков на Телеграм напиша дека според последните податоци загинале седум лица, меѓу кои и едногодишно девојче. Тој изјави дека 10 ранети се во болниците во Белгород и дека двајца од нив се во тешка состојба на интензивна нега, додека осум повредени се во средно тешка состојба.

Според Гладков, двајца ранети возрасни и две деца се пренесени во болниците во Москва, а пет лица се испратени дома по укажаната медицинска помош.

„Во гранатирањето беа оштетени и 57 автомобили“, рече Гладков.

Украинските вооружени сили вчера попладне го гранатираа Белгород, а трговскиот центар беше оштетен. Искршено е стакло во блиското училиште, а оштетена е и инфраструктурата на стадионот.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системи за противвоздушна одбрана синоќа пресретнале и уништиле пет украински беспилотни летала над регионот Белгород и Црното Море.

Белгород се наоѓа на западот на Русија, во близина на границата со Украина. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан