• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бронзен медал за Трајковски на атлетската Балканијада во сала

Бронзен медал за Трајковски на атлетската Балканијада во сала
Истанбул, 5 март 2022 (МИА) – Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски освои бронзен медал во дисциплината скок во далечина на Балканското сениорско првенство во сала, кое денеска се одржува во Истанбул. Трајковски се искачи на подиумот со прескокнати 7 метри и 62 сантиметри. Во македонскиот тим на атлетската Балканијада во Турција се и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри и Дарио Ивановски во дисциплината 3.000 метри. ег/вј/  

Остани поврзан