• понеделник, 23 декември 2024

Бритни Спирс планира венчавка на Мауи

Бритни Спирс планира венчавка на Мауи
Хонолулу, 6 август 2021 (МИА) - Поп-пејачката Бритни Спирс е на одмор со својот свршеник Сем Асгари, на хавајскиот остров Мауи. Како што пишува „Ин тач викли“, таа не само што избега од папараците пред следното рочиште во „битката за независност“ од нејзиниот татко, туку и ја испланирала својата венчавка на ова „магично место“, според зборовите на близок пријател на двојката. Таа се надева дека конечно ќе го исполни својот сон да се омажи за љубовта на нејзиниот живот... „Бритни е навистина оптимист за иднината. И сега, кога ја враќа контролата над својот живот, нејзината венчавка од соништата ќе се одржи на Хаваи, во хотелот ’Монтаж капалуа бич‘ на Мауи. Ова е омилениот хотел на Бритни - таа и Сем го сметаат за многу романтично место“, изјави неименуваниот пријател на двојката за весникот. Бритни претходно најавуваше дека засега нема намера да ѝ се врати на сценската кариера. си/сд/

Остани поврзан