• понеделник, 23 декември 2024

Британските разузнавачки служби тврдат дека има „значително засилување“ на борбите во Украина

Британските разузнавачки служби тврдат дека има „значително засилување“ на борбите во Украина

Лондон, 6 јуни 2023 (МИА) - Британското Министерство за одбрана денеска информира за „значително зголемување на борбите на голем број сектори на фронтот во Украина во последните 48 часа“.

„Тоа ги вклучува „оние боишта кои беа релативно тивки неколку месеци“, се наведува во твитот од дневното ажурирање на податоците на разузнавачките служби за војната во Украина.

Во соопштението не се дадени дополнителни детали ниту проценува дали борбите се поврзани со очекуваната украинска контраофанзива против руските сили кои окупираа големи делови од земјата.

Министерството, исто така, објави дека спорот меѓу руските платеници „Вагнер“ и руската војска достигнал „невидени размери“.

„За прв пат, сопственикот на Вагнер, Евгениј Пригожин, тврди дека армијата намерно употребила смртоносна сила против единиците на Вагнер. По расправијата групата Вагнер наводно го приведе командантот на бригадата на руската армија“, се додава во соопштението на британското МО.

Локалните руски власти во Белгородската област денеска објавија дека е гранатиран округот Шебекино.

Во пораките на социјалните мрежи, жителите се предупредени да се засолнат во подруми.

Регионот Белгород, што се граничи со Украина, во последните неколку дена на неколку пати беше цел на напади. сд/

Остани поврзан