• петок, 22 ноември 2024

Британскиот крал Чарлс Трети е отпуштен од болница по операција на простата

Британскиот крал Чарлс Трети е отпуштен од болница по операција на простата

Лондон, 29 јануари 2024 (МИА) - Британскиот крал Чарлс Трети денеска бил отпуштен од приватна клиника во Лондон, откако беше подложен на медицинска интервенција поради зголемена простата, пренесе БТА.

Монархот, кој има 75 години, бил примен во болница каде што неговата снаа, принцезата од Велс, неодамна направила операција на абдоменот. Кенсингтонската палата претходно денеска соопшти дека таа се вратила дома.

На Чарлс, кој се искачи на тронот пред 16 месеци, оваа бенигна болест му беше дијагностицирана на 17 јануари. Тој ги откажа ангажманите пред медицинската процедура, која беше направена минатиот петок попладне.

Кралот одлучил однапред да ја објави интервенцијата за да ги охрабри другите мажи да ја проверат својата простата во согласност со советите за јавно здравје. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан