Бредли Бил ќе ги пропушти натпреварите на Феникс и Мајами поради повреда
- Најдобриот кошаркар на Вашингтон визардс, Бредли Бил нема да може да му помогне на тимот во следните натпревари.
Вашингтон, 3 февруари 2022 (МИА) – Најдобриот кошаркар на Вашингтон визардс, Бредли Бил нема да може да му помогне на тимот во следните натпревари.
На Бил му е констатирано истегнување на зглобот на левата рака.
Тој дефинитивно ќе ги пропушти следните два натпревари на Визардс - против Феникс и Мајами, по што ќе биде повторно разгледана неговата состојба.
Бил веќе ги пропушти средбите со Милвоки и Филаделфија поради проблеми со зглобот.
Во тековната сезона Бил има просек од 23,2 поени, 4,7 скока и 6,6 асистенции по натпревар. зс/