• петок, 22 ноември 2024

Брајтон до крајот на сезоната без Јапонецот Митома

Брајтон до крајот на сезоната без Јапонецот Митома

 

Брајтон, 27 февруари 2024 (МИА) – Англискиот фудбалски прволигаш Брајтон до крајот на сезоната ќе биде без услугите на својот крилен напаѓач, јапонскиот репрезентативец Каору Митома, поради повреда на грбот.

Тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, попладнево во изјава за британските медиуми, потврди оти сезоната за Митома е завршена.

„Тоа е голем проблем. Верувам дека ќе мора да паузира два или три месеци, што значи дека сезоната за него е завршена“, рече Де Зерби.

Митома за Брајтон одигра 52 натпревари во сите натпреварувања и постигна десет голови. ег

Остани поврзан