• четврток, 25 јули 2024

Бразил прв на ударот на климатските промени

Бразил прв на ударот на климатските промени

Рио де Жанеиро, 23 јули 2024 (МИА) – Бразилските метеоролози соопштија дека земјата е на првата линија на климатски промени, бидејќи илјадници луѓе останаа без домови откако јужниот дел на Бразил беше зафатен од поплави, а сега земјата се соочува со рекорден број шумски пожари.

Дождовите во мај предизвикаа поплави во клучниот земјоделски регион при што се уништени огромни делови со посеви, но и оштетени се стотици илјади домови. Сега Бразил се справува со шумските пожари, кои се очекува да се интензивираат во следните месеци поради високите температури и ветровите кои продираат од запад кон север.

Според податоците на бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања од јуни изгорела рекордна површина во Амазон, во саваната Серадо и мочуриштето Пантанал. Во првите шест месеци од годината шумските пожари уништиле 77.448 квадратни километри земја.

Во Пантанал, што покрај Бразил, се простира и во Боливија и Парагвај, само во јуни регистрирани се 2.639 пожари, што е петпати повеќе од претходниот рекорд. Од 1985 година Пантанал изгубил околу 81 отсто од површинските води.

Во извештајот на Програмата за животна средина на Обединетите нации за 2022 година се предвидува дека екстремните пожари ќе се зголемат за 14 проценти до 2030 година, за 30 отсто до 2050 година и за 50 проценти до крајот на векот. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан