• недела, 22 декември 2024

Бос пред отказ, Блан негов можен наследник на тренерското место во Лион

Бос пред отказ, Блан негов можен наследник на тренерското место во Лион
Лион, 9 октомври 2022 (МИА) - Раководството на Лион ја разгледува можноста за отпуштање на тренерот Питер Бос, објави новинарот Николо Шира. Лион во петокот на домашен терен одигра 1:1 со Тулуз. Според Шира кој е добар познавач на случувањата во најсилните пет европски фудбалски првенства, главен кандидат за замена на Бос е Лоран Блан. Педесет и шестгодишниот Французин може да потпише договор до 2024 година. Блан во текот на својата тренерска кариера ги водеше Бордо, ПСЖ и француската репрезентација. Последен негов клуб беше катарскиот Ер Рајан, во периодот од 2020 до 2022 година. Лион е седми во француската лига по 10 натпревари со 14 бодови. зс/

Остани поврзан