• вторник, 02 јули 2024

Бостон со победа ја започна полуфиналната серија против Индијана

Бостон со победа ја започна полуфиналната серија против Индијана

Бостон, 22 мај 2024 (МИА) – Кошаркарите на Бостон селтикс поведоа со 1:0 во полуфиналната серија на НБА плејофот. Селтикс ноќеска на домашен терен славеа победа по продолжение со 133:128.

Најпродуктивниот играч на средбата беше Џејсон Тејтум, кој забележа дабл-дабл со 36 поени и 12 скока.

Вториот натпревар во серијата ќе се одигра ноќта четврток кон петок по македонско време.

Вечер во 2:30 часот по полноќ стартува финалната серија во Западната конференција. Минесота тимбервулвс во Минеаполис ќе го пречека тимот Далас маверикс.

За пласман во големото финале се потребни четири победи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан