• петок, 05 декември 2025

Борусија го продолжи договорот тренерот Ковач

Борусија го продолжи договорот тренерот Ковач

Дортмунд, 26 август 2025 (МИА) – Управата на бундеслигашот Борусија Дортмунд го продолжи договорот со главниот тренер Нико Ковач, соопшти прес-службата на „Милионерите“.

Новиот договор на хрватскиот фудбалски стручњак е со важност до 2027 година.

Ковач дојде во Борусија Дортмунд во јануари 2025 година. Под негово водство, тимот го освои четвртото место во Бундеслигата минатата сезона и избори учество во Лигата на шампионите.

Во првото коло од новата сезона на Германското фудбалско првенство, Борусија Дортмунд одигра нерешено со Сент Паули (3:3). зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан