• понеделник, 23 декември 2024

Борис Џонсон: Никогаш не ги лажев пратениците за забавите во владата за време на карантинот

Борис Џонсон: Никогаш не ги лажев пратениците за забавите во владата за време на карантинот

Лондон, 22 март 2023 (МИА) - Поранешниот британски премиер Борис Џонсон денеска под заклетва изјави дека никогаш не ги лажел пратениците за владините забави за време на карантинот, воведен поради пандемијата на Ковид-19.

Тој денеска сведочеше пред Комитетот за стандарди на Долниот дом поради „лажни изјави“ што ги давал во парламентот за собирите во владините згради.

- Рака на срце, не го излажав Парламентот, рече Џонсон пред комисијата откако положи заклетва за Библијата.

Ако комисијата утврди дека тој намерно лажел, тој може да биде суспендиран или дури и да го изгуби своето место во Парламентот.

- Ако некој мисли дека се забавував за време на карантинот, тие апсолутно грешат, рече Џонсон за време на повеќечасовното сослушување.

Џонсон, исто така, го критикуваше Комитетот, кој вклучува четворица членови од редовите на конзервативците и тројца од опозициските партии, велејќи дека тие дејствуваат како „истражувачи, обвинители, судии и порота“.

После серијата скандали, вклучително и нелегалните забави за време на коронавирусот, Џонсон поднесе оставка на чело на британската Конзервативна партија во јули минатата година.

Остана премиер до изборот на Лиз Трас за негова наследничка. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан