• среда, 03 јули 2024

Борел го осуди насилството врз демонстрантите во Грузија

Борел го осуди насилството врз демонстрантите во Грузија

Брисел, 1 мај 2024 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска ја нарече „неприфатлива“ употребата на „сила за репресирање“ на учесниците во протестите против спорен закон во Грузија.

„Грузија е земја кандидат за ЕУ. Ги повикувам грузиските власти да го гарантираат правото на мирно собирање“, напиша тој на „Икс“.

За време на синоќешните протести против нацрт-законот „за странски агенти“ во Тбилиси, приведени се 63 лица, а повредени се шест полицајци, соопшти претходно денеска Министерството за внатрешни работи на Грузија.

Критичарите на предлог-законот велат дека тој е инспириран од рускиот закон за странски агенти, кој се користи од властите за замолчување на неистомислениците. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан