• петок, 22 ноември 2024

Корепер именуваше тројца судии и еден бранител во Судот на правдата на ЕУ 

Корепер именуваше тројца судии и еден бранител во Судот на правдата на ЕУ 

Брисел, 3 јули 2024 (МИА) - Комитетот на постојани претставниците на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) на денешното заседание назначи тројца судии и еден бранител во Европскиот суд на правдата, како дел од делумното обновување на неговиот состав за 2024 година. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Литванецот Ирмантас Јарукаитис е реизбран за судија во втор мандат, а Холанѓанецот Бернардус Смулдерс и Швеѓанецот Фредрик Шалин беа назначени во прв мандат за судии на Судот на правдата. 

Корепер, исто така, го именува Литванецот Римвидас Норкус за бранител на Судот на правдата во прв мандат. 

Сите четворица се избрани за периодот од 7 октомври 2024 година до 6 октомври 2030 година. 

Кандидатите за судии и бранители во Судот на правдата мора да ги исполнуваат квалификациите потребни за именување и да извршувале судски функции или да се истакнати правници во нивните земји. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан