• недела, 22 декември 2024

Бонучи и Јувентус се смирија

Бонучи и Јувентус се смирија

Торино, 1 февруари 2024 (МИА) - Поранешниот капитен на Јувентус, Леонардо Бонучи ја повлече тужбата против клубот од Торино која ја поднесе летото, соопштија „Бјанконерите“.

Ветеранот реши да го тужи Јуве откако му беше забрането да тренира со останатите играчи за време на претсезонскиот тренинг-камп и не беше вклучен за турнејата во САД. Тогаш Јувентус повеќе не сакаше да се потпира на него, но и тој одби да си замине.

Потоа, на крајот од преодниот рок, Бонучи се пресели во Унион (Берлин). По неговото заминување, адвокатите на Италијанецот ја водеа постапката тврдејќи дека клубот го прекршил колективниот договор за работа со тоа што не му ги обезбедил на Бонучи задолжителните услови за тренинг и подготовка. Ова доведе до оштетување на личниот и професионалниот имиџ на самиот играч.

Сега, сепак, проблемот се чини е решен, поради што клубот објави информација дека Бонучи ја повлекол тужбата.

Инаку, 36-годишниот дефанзивец веќе неколку недели е дел од Фенербахче. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан