• сабота, 23 ноември 2024

Болка при легнување - можен признак за рак

Болка при легнување - можен признак за рак

Лондон, 16 јуни 2023 (МИА) - Постојат разни симптоми кои се помалку познати, а нивното рано препознавање може да помогне во навремено откривање сериозни здравствени проблеми.

Советот на британскиот стручњак, д-р Дебора Ли, гласи - посетување лекар ако таа болка трае повеќе од 20 дена. Болката е предизвикана од притисокот на туморот врз коските, нервите или некои други делови на телото. Исто така, болката може да биде различна, а зависи од тоа каде се наоѓа туморот и во која фаза е тоа.

- Ако почувствувате болка во Вашето тело кога се обидувате да заспиете, постои можна опасност да имате некој вид рак. Болката се појавува навечер при легнување и тоа е еден од најчестите симптоми на рак... Ноќе може да има многу поголема непријатност бидејќи тогаш ракот расте побрзо. Кога ќе легнете, тој ја менува распределбата на тежината на туморот и околните ткива, што често предизвикува болка, појаснува, д-р Ли.

Таа додава дека оваа болка не мора да значи дека човекот има рак, па се препорачува и проверка на други симптоми, како што се губење тежина и апетит, слабост и исцрпеност, гадење и повраќање и висока температура.   си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан