• понеделник, 17 јуни 2024

Божиќна честитка од првиот вицепремиер Груби

Божиќна честитка од првиот вицепремиер Груби
Скопје, 7 јануари 2022 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на православните верници им го честита Божиќ, посакувајќи им среќен празник ним и на нивните семејства. - На сите православни верници им го честитам Божиќ, со најискрени желби за среќен празник во нивното семејството, проследен со здравје и среќа. Надежта за Божиќ и верата во Бога заедно со семејната хармонија која владее, денес продолжуваат да се одразуваат во нашиот секојдневен живот. За многу години празникот, посакувам секогаш да славите заедно во општествен просперитет и примерен соживот, напиша Груби во честитката. хс/са/

Остани поврзан