• петок, 22 ноември 2024

Богдановиќ: Да го селектираме отпадот и да ја зачуваме животната средина

Богдановиќ: Да го селектираме отпадот и да ја зачуваме животната средина
Скопје, 1 јануари 2021 (МИА) - Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ денеска со апел до граѓаните да го селектираат отпадот и да ја зачуваат животната средина. Богдановиќ, како што соопшти Центар, ја надополнил неговата GreenPay картичка од ЈП ПОЦ на пластикоматите во Општина Центар. „Да бидеме совесни и пластичните и стаклени амбалажи да ги рециклираме на места означени за таа намена. Пластикоматите на ЈП ПОЦ ја имаат токму таа намена, да ги мотивираат граѓаните да го селектираат отпадот и на тој начин, да придонесат за почиста околина, но и да ги користат останатите поволности кои ги нуди оваа картичка, изјави градоначалникот Богдановиќ. Во рамки на проектот „И отпадот има вредност“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар, поставени се повратни вендинг машини за рециклирање на пластични шишиња и лименки на повеќе локации низ општината. Со селектирањето и рециклирањето на пластичниот и стаклениот отпад, додаде Богдановиќ, придонесуваме за поздрава и почиста животна средина и подобри услови за живот во Центар. ац/

Остани поврзан