• вторник, 02 јули 2024

Блумберг: Хамас добива околу 12 милиони долари месечно од добротворни организации

Блумберг: Хамас добива околу 12 милиони долари месечно од добротворни организации

Газа, 25 јануари 2024 (МИА) - Палестинската милитантна група Хамас добива осум до 12 милиони долари месечно од организации кои наводно собираат хуманитарна помош за Газа, пишува Блумберг, цитирајќи неколку неименувани функционери во израелското Национално биро за борба против тероризмот, како и неименуван висок американски функционер.

Израел и САД веруваат дека организациите кои наводно собираат средства за цивилите во Газа всушност испраќаат милиони долари за Хамас.

Официјални лица проценуваат дека Хамас добива 8-12 милиони долари месечно, првенствено преку такви хуманитарни групи, што му овозможува да ги избегне меѓународните санкции, нешто во што има долгогодишно искуство. Вашингтон е решен да стави крај на овој феномен, според американскиот функционер.

Претставниците на Хамас јавно повикуваат на парични донации за нивната борба против Израел.

„Ова не е само хуманитарен проблем, и покрај огромната важност и потребата на Газа од каква било помош што може да ја добие“, рече Исмаил Ханије, политички лидер на Хамас, во јануари. „Ова е финансиски џихад“.

Израел ги засили напорите со своите сојузници да се спротивстави на собирањето средства на Хамас. Земјата е дел од работната група од 16 нации формирана од војната за да ги следи финансиските активности на групата. Меѓу другите членки се Германија, Холандија, Велика Британија и Канада. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан