• вторник, 05 ноември 2024

Блумберг: Околу 30 милиони Американци немаат за јадење

Блумберг: Околу 30 милиони Американци немаат за јадење

Њујорк, 30 јули 2020 (МИА) - Несигурноста за храна за американските домаќинства достигна врв минатата недела - речиси 30 милиони Американци тврдат дека немале за јадење во текот на седум дена до 21 јули, објави Блумберг.

Во неделна анализа на Службата за следење на состојбата на домаќинствата, околу 23,9 милиони од 249 милиони испитаници рекле дека „немале што да јадат во одреден момент во неделата“, додека околу 5,42 милиони изјавиле дека „честопати немале никаква храна “.

Бројот на испитаници кои понекогаш немале доволно храна е најголем во 12-неделната студија.

Тоа е резултат на длабока рецесијапоради пандемијата што милиони Американци остави без работа. Невработените Американци добиваат дополнителни 600 американски долари неделно во вид на помош што треба да истече кон крајот на јули кога Конгресот ќе расправа за нов пакет помош.

Другите докази укажуваат на тоа дека економското закрепнување на САД може да се забави бидејќи избувнуваат нови случаи низ целата земја и државите ги откажуваат плановите за повторно отворање, нагласува Блумберг. паг/

Остани поврзан