Блинкен се сретна со највисокиот кинески дипломат Ванг Ји
- Средбата е дел од напорите за одржување отворени комуникациски канали. Искрените и конструктивни дискусии опфатија теми на разлики и потенцијална соработка, рече Метју Милер, портпарол на американскиот Стејт департмент.
Џакарта, 13 јули 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска во главниот град на Индонезија искрено и конструктивно разговараше со највисокиот кинески дипломат Ванг Ји, изјави официјален претставник, најнова во серијата интеракции за кои Вашингтон вели дека се насочени кон управување со конкуренцијата меѓу двете суперсили.
Ванг ја претставува Кина во Џакарта на состаноците на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) и партнерските земји, откако Пекинг објави дека министерот за надворешни работи Чин Ганг нема да присуствува од здравствени причини.
- Средбата е дел од напорите за одржување отворени комуникациски канали. Искрените и конструктивни дискусии опфатија теми на разлики и потенцијална соработка, рече Метју Милер, портпарол на американскиот Стејт департмент.
Милер изјави дека средбата е дел од тековните напори за одржување на отворени канали за комуникација за да се разјаснат американските интереси за широк спектар прашања и одговорно да се управува со конкуренцијата за да се намали ризикот од погрешна перцепција и пресметка.
-Највисокиот американски дипломат, исто така, ја истакна важноста од „одржување мир и стабилност преку Тајванскиот теснец“, додаде Милер.
Аналитичарите сметаат дека средбата е дел од напорите да се отвори можноста за средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг подоцна оваа година, но тензиите остануваат високи. мс/
фото: ЕПА