• вторник, 10 септември 2024

Блинкен: Заминувањето на Гонзалес во Шпанија е резултат на антидемократските мерки на Мадуро

Блинкен: Заминувањето на Гонзалес во Шпанија е резултат на антидемократските мерки на Мадуро

Вашингтон, 9 септември 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека заминувањето на поранешниот претседателски кандидат на Венецуела, Едмундо Гонзалес во Шпанија е директен резултат на антидемократските мерки што сегашниот претседател Николас Мадуро ги спроведе против народот на Венецуела, вклучително Гонзалес и други лидери на опозицијата.

Тој нагласи дека Гонзалес останува неприкосновен глас за мир и демократски промени во Венецуела, соопшти Стејт департментот.

- Мадуро и венецуелските изборни власти не можат едноставно да ги поништат изборните резултати и волјата на народот. Ние стоиме со Гонзалес во неговиот повик да продолжи борбата за слобода и враќање на демократијата во Венецуела. САД силно ја осудуваат одлуката на Мадуро да користи репресија и заплашување за да дојде на власт со сила, наместо да го признае својот пораз, се вели во изјавата на шефот на американската дипломатија. јт/

Остани поврзан