• понеделник, 01 јули 2024

Блинкен во Ханој вети интензивирање на односите помеѓу САД и Ханој

Блинкен во Ханој вети интензивирање на односите помеѓу САД и Ханој

Ханој, 15 април 2023 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и премиерот на Виоетнам, Фам Мин Чин на денешната средба во Ханој ветија подигнување на билатералнте односи на повисоко ниво.

Средбата се одржа две недели по 50-годишнината од повлекувањето на американските трупи од Виетнам, што го означи крајот на директното американско воено учество во таа земја.

Блинкен истакна дека се надева оти билатералните односи можат да се подигнат на повисоко ниво.

Тој го означи почетокот на работата на новиот комплекс на Американската амбасада во Ханој, проект вреден 1,2 милијарди долари, со што администрацијата на претседателот Џо Бајден сака да ја покаже својата посветеност за понатамошно унапредување на врските, по речиси 30 години по воспоставувањето на дипломатските односи во 1995 година.

И покрај загриженоста за состојбата со човековите права во Виетнам, за Вашингтон Ханој е клучна компонента за американската стратегија за регионот и се обидува да го искористи традиционалното ривалство на Виетнам со многу поголемиот сосед Кина за да го прошири американското влијание во регионот.

- Ова беше многу сеопфатен и ефективен разговор и ќе продолжиме да ги продлабочуваме односите во иднина. Многу ја цениме улогата и одговорноста на САД кон азиско-пацифичкиот регион или, во поширока смисла, кон индо-пацифичкиот регион, истакна Чин, додавајќи оти виетнамската комунистичка Влада сака интензивирање на билатералните односи. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан