• вторник, 05 ноември 2024

Благодарници за Јоана и Кејс Баарс од Холандија за нивните донации во медицинска опрема

Благодарници за Јоана и Кејс Баарс од Холандија за нивните донации во медицинска опрема
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со брачниот пар од Холандија, Јоана и Кејс Баарс кои преку нивната фондација „Воздух за Преспа“, од 1991 година редовно испорачуваат хуманитарна помош во лекови и медицинска опрема за специјализираната болница за превенција и лекување на хронични и респираторни болести во Отешево. Изразувајќи почит за нивната несебична посветеност и хуманост, Османи симболично им врачи благодарница како признание за нивниот континуиран и хуман ангажман. -Вашата приказна ме потсети на една од изреките на нашата Мајка Тереза, која велеше дека не сме сите створени да правиме големи работи, но, затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов. Вашето внимание кон хоспитализираните во болницата за респираторни болести во Отешево, има големо значење за нив, за што сме ви благодарни, истакна Османи. На средбата, како што соопшти МНР, Баарс раскажаа за нивното искуство, истакнувајќи го задоволството со кое донираат, за прекрасниот прием од жителите на Ресен и пријателската врска со нив, како и љубовта кон природните убавини и култура на Северна Македонија, а особено Преспа. мч/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан