• петок, 27 декември 2024

Биљали: ЕСМ ќе му плати на Лимани 1780 денари за менување брава

Биљали: ЕСМ ќе му плати на Лимани 1780 денари за менување брава

Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - ДУИ денеска на прес-конференција обвини дека министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани добил тендер за браварско-заварувачки услуги во РЕК - Осломеј, каде има над илјада вработени. 

- Фатмир Лимани- Браварот преку Претседателот на огранокот и воедно управител на РЕК- Осломеј реализирал тендер за браварско-заварувачки услуги иако РЕК- Осломеј има над 1000 вработени. За скандалот да биде уште поголем, вредноста на трите тендери со две фирми опфаќа вредност од над 23 500 000 денари или над 380 000 евра, изјави Арта Биљали од ДУИ.

Според неа, ЕСМ со овој договор ќе треба да плати 1780 денари за час работа за менување брава.

- Овој договор, освен корумпиран не може да биде поинаков, затоа ги повикуваме надлежните органи да постапуваат за вакви криминални договори кои се реализираат од страна на неспособните управители, рече Биљали. ев/бак/

ФОТО: Принтскрин

Остани поврзан