• петок, 05 декември 2025

Битка за Лондон: Челзи го пречекува лидерот Арсенал

Битка за Лондон: Челзи го пречекува лидерот Арсенал

Лондон, 30.ноември 2025 (МИА) – Со денешниот дерби дуел меѓу Челзи и Арсенал ќе биде комплетирано 13.коло од Премиер лигата. Но, денешниот дуел освен големото ривалство на двата тима и „битката за Лондон“ е со многу поголемо значење.

Двете екипи се во одлична форма и со победи во Лигата на шампионите „влегуваат“ во овој дуел. Челзи ја надигра Барселона (3:0), додека Арсенал беше поуспешен во дуелот со Баерн Минхен.

Во двата тима ќе има по еден повратник од повреда кај Челзи тоа е Кол Палмер, а кај Арсенал Мартин Одегард.

Челзи ќе ја брка и првата победа над градскиот ривал од август 2021 година, а евентуален триумф на „сините“ против „топџиите“ може да донесе нова неизвесност во борбата за шампионската титула во Премиер лигата. Арсенал е лидер со 29 бодови, а Челзи со потенцијални три би достигнал 26 и би се пробил на втората позиција, пред Манчестер Сити со 25.

Дербито се игра на Стамфорд Бриџ со почеток во 17:30 часот. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан