• сабота, 23 ноември 2024

Битиќи – Лосон: Обединетото Кралство е доверлив партнер во развојот на земјата

Битиќи – Лосон: Обединетото Кралство е доверлив партнер во развојот на земјата
Скопје, 28 септември 2022 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Обединетото Кралство, Метју Лосон. Економските приоритети на Владата, тековната и идна економска соработка помеѓу двете земји, како и можностите за нејзин развој,  истакнувајќи дека Обединетото Кралство се традиционално силни економски и партнери во развојот на земјава, биле темите на кои разговарале на средбата вицепремиерот Битиќи и Амбасадорот Лосон. Како што соопштија од кабинетот на Битиќи, амбасадорот Лосон се заблагодарил за топлиот прием и надеж дека партнерскиот однос и добрата соработка ќе продолжи и во неговиот мандат. Истакнал дека Обединетото Кралство е еден од најголемите странски директни инвеститори во земјава. Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции се заблагодарил на досегашната поддршка што Обединетото Кралство ја нуди во развојот на земјава, реализирајќи неколку проекти преку кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, како Единицата за следење на (капиталните) инфраструктурни проекти и креирањето на Националната Развојна Стратегија 2022 – 2042. На средбата вицепремиерот Битиќи изразил и сочувство за смртта на Нејзиното Величество, кралицата Елизабета Втора, со желби за успех и добро здравје на Неговото Величество, Кралот Чарлс Трети. цр/са/

Остани поврзан