• недела, 22 декември 2024

Битиќи: Со ребалансот го добивме еден од најскандалозните буџети во историјата

Битиќи: Со ребалансот го добивме еден од најскандалозните буџети во историјата

Скопје, 18 јули 2024 

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во Дневен клик на ТВ 21 рече дека државниот буџет со ребалансот станува еден ид најскандалозните буџети.

Битиќи додаде дека се манипулира со мислењето дека наводно се работи во интерес на граѓаните и додаде дека во многу сектори има намалување на буџетите и дека не треба да се очекува подобрување на квалитетот на животот.

„Буџетот е еден од најсмешните буџети што сум ги видел. Можност да се манипулира мислењето дека се работи за интерес на граѓаните, но всушност не е затоа што нема пари за плата, за покачување на платите. Што ќе значи дека сите колективни договори што се направени ќе бидат отповикани. Во образованието, здравството, Министерството за внатрешни работи, Армијата, сите овие сектори имаат намалување на ресурсите или јасен знак дека нема да се обезбеди зголемување на платите“, рече пратеникот Фатмир Битиќи.

Центар за комуникации на СДСМ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Остани поврзан