• понеделник, 23 декември 2024

Билетите за ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 распродадени за 17 минути

Билетите за ракометното дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 распродадени за 17 минути

Битола, 4 мај 2023 (МИА) - Сите влезници за саботното ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, кое најверојатно ќе биде решавачко во битката за титулата, се распродадени само 17 минути откако попладнево беа пуштени во продажба, соопштија организаторите.

- Спортската сала „Боро Чурлевски“ се распродаде за 17 минути, соопшти македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер, информирајќи дека натпреварот закажан за в сабота со почеток во 19 часот, ќе се игра пред полни трибини.

Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер се израмнети на табелата со по 31 бодови, пред Алкалоид, кој има шест бодови помалку.

Актуелниот шампион Вардар 1961 триумфираше на првиот натпревар во Скопје, кој го одбележаа инциденти на трибините, со 31-24. ег/бд/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан