• недела, 22 декември 2024

Бејл би можел да се пензионира доколку Велс не успее да се квалификува за Мундијалот 2022

Бејл би можел да се пензионира доколку Велс не успее да се квалификува за Мундијалот 2022
Кардиф, 26 март 2022 (МИА) - Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл наскоро би можел да стави крај на професионалното играње. Според „Cope“, фудбалерот е подготвен да се пензионира доколку неговата репрезентација не успее да се пласира на Светското првенство во 2022 година. Вчера Велс ја победи Австрија со 2:1 во полуфиналето од квалификациите за турнирот. Двата гола ги постигна 32-годишниот Бејл. Во финалето на баражот Велс ќе се сретне со победникот од двојката Украина – Шкотска. Претходно беше објавено дека играчот има намера да ја заврши кариерата во Тотенхем. Бејл играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година и како позајмен минатата сезона. зс/

Остани поврзан