• понеделник, 23 декември 2024

Бесплатни обуки за вештачка интелигенција за околу 1000 млади луѓе

Бесплатни обуки за вештачка интелигенција за околу 1000 млади луѓе
Скопје, 7 мај 2021 (МИА) - Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и „Семос едукација“ почнуваат проект со кој околу 1000 млади луѓе од државава ќе имаат можност преку бесплатни обуки да научат како да ја применуваат вештачката интелигенција во секојдневното живеење и работење. Рокот за пријавување е од денес од 18 мај, а обуките почнуваат од 20 мај и планирано е да траат до јуни. Може да се пријават млади од 17 до 29 години, но и сите останати кои имаат интерес да научат повеќе за вештачката интелигенција. Обуките ќе бидат насочени кон запознавање со основите на вештачката интелигенција од аспект на бизнисот и услугите во „Мајкрософт азур“. - Нас нè движат две цели. Нашата земја веќе позната по тоа што извезува знаење и услуги од областа на информатичката технологија, и понатаму да го продолжи истото, но овој пат во оние технологии кои се врв во светот, односно во областа на вештачката интелигенција. Втората цел која нè движи е нашата иднина, нашите млади. Доаѓаат професии кои денес не се познати, а вештачката интелигенција ќе биде дел од нашиот живот, истакна генералната директорка на „Семос едукација“, Валентина Тасева. Според директорот на ФИТР Коста Петров, примената на вештачката интелигенција е клучна за дигитална трансформација на екосистемот. - Токму поради тоа заедно со Владата веќе работиме на формирање работна група за креирање на националната стратегија за вештачка интелигенција, посочи Петров. Во рамки на бесплатните обуки планирани се 500 испити, а оние кои ќе ги положат, ќе добијат меѓународно признати дипломи. бак/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан