• понеделник, 04 ноември 2024

БЕСА: Власта го потонува „Титаник“ за да ги спаси криминалот и корупцијата

БЕСА: Власта го потонува „Титаник“ за да ги спаси криминалот и корупцијата

Скопје, 15 ноември 2023

Титаник 2 се спаси од тонење! Уште еден предмет застарува, а со тоа од уште еден предмет е ослободен од обвинителен акт и кривично гонење на Сашо Мијалков. И сето тоа благодарение на измените во Кривичниот законик што актуелната власт предводена од СДСМ и ДУИ ги направи со злоупотреба на европското знаме, велејќи дека го усогласуваат законодавството на внатрешните со директивитена ЕУ.

Секојдневните предупредувања на Движењето Беса и на албанската опозиција само се потврдуваат. Ние рековме дека измените на КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК , кои ги донесоа сакајќи да ни го наполнат умот дека измената на кривичниот законик е направена со цел да се усогласи со директивите и законодавството на ЕвропскатаУнија,се прават со цел да се амнестира и застарат кривичните дела на криминалците, кои злоупотребиле јавен имот, манипулирале со волјата на граѓанинот и присвоиле се што му припаѓало на граѓанинот. Извештајот на Европската комисија и претставницина ЕУ,  јасно кажува дека со одобрувањето на изменитена Кривичниот законик, европското знаме е злоупотребено.

Со овие постапки оние кои дојдоа на власт и изјавуваа „без правда нема мир“, „затвор за сторителина кривични дела“ и кои рекоа дека ќе постават бројалнк во центарот на Скопје за да им се бројат украдените пари кои ќе бидат вратени на граѓанинот, сега го тонат „Титаник“за да го спасат криминалот и корупцијата.

Почитувани граѓани, ова не е се. Освен ослободување од обвиненија и кривичногонење, граѓаните на оваа држава, сите ние, ќе треба да им платиме и отштета на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски, Гордана Јанкуловска и други како нив,за времето поминато во притвор за овие кривични дела, чие гонење за старува како резултат на измените воКривичниот законик. Оттука, оценуваме дека за да се смета дека мисијата на оваа Влада е завршена, не и преостанува ништо друго освен даги прогласи горенаведените лицаза „херои“ и да ги обештети.

Ние како Движење БЕСА, веруваме дека по ударот што ова власт го доби од Европската комисија, која со остритонов реагираше на злоупотребата на европското знаме, ќе следи ударот од граѓаните, кои со својот глас ќе го осудат неправилното владеење на оваа власт и ќе бараат одговорност. Од страв да не ја изгуби власта, оваа Влада секој ден во име на знамето на ЕУ ги ослободува од обвинение функционерите кои ги злоупотребиле парите на даночните обврзници, докажувајќи дека не работат за интеграција на државата во ЕУ, туку работат за да се спасат себеси и својот криминал.

Сметаме дека на земјата и требаат избори што е можно поскоро,за да се отстрани оваа корумпирана политичка класа.

Прес-конференција на Фатмир Сабриу, Политичка партија Беса

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан