• петок, 17 мај 2024

Бербок: Германија не може да прифати Кина да воспоставува поблиски односи со Русија

Бербок:  Германија не може да прифати Кина да воспоставува поблиски односи со Русија

Капри, 19 април 2024 (МИА) - Шефот на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека Германија не може да прифати Кина да воспоставува поблиски односи со Русија, која, како што наведе, води илегална војна против Украина.

„Ако Кина продолжи отворено да воспоставува сè посилно партнерство со Русија, која води нелегална војна против Украина, ... не можеме да го прифатиме тоа“, рече Бeрбок по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Капри, Италија.

Бербок ја повика Кина да го искористи своето влијание кај рускиот претседател Владимир Путин за да го запре нападот врз Украина.

Министрите за надворешни работи на Г7, по тридневниот состанок во Капри, соопштија дека се решени „да ги зајакнат капацитетите на украинската воздушна одбрана со цел да се спасат животи и да се заштити клучната инфраструктура“.

Украина беше меѓу главните теми на состанокот во Капри. паг/



 

Остани поврзан