• недела, 22 декември 2024

Плоштадот „Европа“ во Москва преименуван во плоштад „Евроазија“

Плоштадот „Европа“ во Москва преименуван во плоштад „Евроазија“

Москва, 24 јули 2024 (МИА) – Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин денеска потпиша указ за преименување на плоштадот „Европа“ во центарот на Москва во плоштад „Евроазија“.

Плоштадот беше отворен во 2002 година како дел од руско-белгискиот проект кој го симболизира европското единство, јави Радио Слободна Европа.

Знамињата на 48 европски земји се вееја на плоштадот до март минатата година, кога беа отстранети без објаснување.

На плоштадот има споменик на белгискиот скулптор Оливие Штребел, во чија близина во 2006 година беше отворен европскиот трговски центар. јт/

Фото: Гугл мапи

Остани поврзан