• петок, 05 декември 2025

Бентанкур пред нов договор со Тотенхем

Бентанкур пред нов договор со Тотенхем


Лондон, 1 октомври 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред Родриго Бентанкур е блиску до потпишување нов договор со Тотенхем, јавија денеска англиските медиуми.
Според истите избори, продолжувањето на договорот со 28-годишниот Уругваец е приоритет за лондонскиот клуб.
Во новата сезона Бентанкур одигра девет натпревари во сите натпреварувања во дресот на Тотенхем.
Уругвајскиот репрезентативец му се приклучи на лондонскиот премиерлигаш во јануари 2022 година, кога потпиша четиригодишен договор. Неговата вредност на трансфер пазарот се проценува на 30 милиони евра. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан