• недела, 22 декември 2024

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар за литар

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар за литар

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и  ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за еден денар за литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар за литар, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ). 

Од РКЕ додаваат дека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,626 денари за килограм 

Од ноќеска на полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС -  95 -   84,00 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 -   86,00 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) -   77,00 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -75,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 48,634 (денари/килограм)

Од Комисијата на напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 9.7.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. сст/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан