Бензините поскапи за 1,5, а дизелот за 2,5 денари за литар
- Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (
Скопје, 18 април 2022 (МИА) – Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар за литар, а цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,9 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 82,5 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за два денара и ќе се продава за 80,5 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,064 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 51,599 денари.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена во просек за 1,873 отсто кај бензините и за 2,983 отсто кај дизелот, како и за 0,956 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. вј/сп/