• сабота, 06 јули 2024

Бенет ги повикува светските сили да не преговараат со новиот ирански претседател

Бенет ги повикува светските сили да не преговараат со новиот ирански претседател
Тел Авив, 20 јуни 2021 (МИА) -  Израел денеска го осуди изборот на ултраконзервативниот судија Ебрахим Раиси за нов претседател на Иран, тврдејќи дека тој ќе владее со „брутален режим на џелат“ и дека светските сили не треба да преговараат со него за нуклеарен договор. Раиси, кој е под санкции на САД поради кршење на човековите права, ја обезбеди својата победа на вчерашните претседателски избори. Новиот израелски премиер Нафтали Бенет на првата седница на владата, што беше емитувана на телевизија, рече дека подемот на Раиси е овозможен од врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, а не преку слободни избори. - Изборот на Раиси е, би рекол, последна шанса светските сили да се разбудат пред да се вратат на нуклеарниот договор и да сфатат со кого си имаат работа, рече Бенет, обраќајќи се прво на хебрејски, а потоа и на англиски јазик. - Никогаш не смее да се дозволи режимот на брутални џелати да поседува оружје за масовно уништување. Позицијата на Израел по ова прашање нема да се промени, рече новиот израелски премиер. јт/

Остани поврзан