• недела, 07 јули 2024

Бела куќа: Бајден разговараше со семејствата на 14 исчезнати Американци во Израел

Бела куќа: Бајден разговараше со семејствата на 14 исчезнати Американци во Израел

Вашингтон, 14 октомври 2023 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со членовите на семејството на 14 Американци кои исчезнаа во нападот милитантите на Хамас врз Израел, соопшти Белата куќа.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, рече дека претседателот и неговиот тим им кажале на семејствата дека американските власти ќе направат се што можат за да ги вратат овие луѓе во нивните семејства, пренесуваат британските медиуми.

-Тие се американски државјани. Тие треба да бидат дома со своите семејства, им рече Кирби на новинарите.

Белата куќа ја потврди смртта на 22 Американци во нападите на Хамас врз Израел што почнаа во саботата.

Кирби додаде дека американските власти сè уште работат на добивањето повеќе информации за тоа колку Американци има меѓу заложниците кои ги зеде Хамас.

-Сè уште веруваме дека тоа е многу мал број, кажа тој.

Таткото на еден од исчезнатите Американци, Џонатан Декел-Чен, изјави за Си-Ен-Ен дека Бајден разговарал околу 45 минути со семејствата на исчезнатите во Израел.

„Како американски државјанин, како граѓанин на Израел, како некој чиј сакан син е задржан некаде, не можев да барам повеќе од она што го кажа претседателот Бајден за посветеноста на САД да ги вратат овие луѓе, рече таткото на исчезнатиот Сагуи Декел-Чен, со кој, меѓу другите, телефонски разговарал и американскиот претседател.

Џонатан Декел-Чен додаде дека е извонредна подготвеноста на претседателот Бајден да ги сослуша родителите и другите членови на семејството на исчезнатите и дека неговите одговори се инспиративни, иако не може да им даде многу информации.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан