• петок, 05 декември 2025

Бекер: Сакавме Федерер да игра за Германија, разговарав со него, но тој веќе имаше сè договорено во Швајцарија

Бекер: Сакавме Федерер да игра за Германија, разговарав со него, но тој веќе имаше сè договорено во Швајцарија

Берлин, 4 декември 2025 (МИА) – Поранешниот германски тенисер, Борис Бекер се обидел своевремено да го убеди Роџер Федерер да се натпреварува под германското знаме.

- Го познавам многу добро уште од мал. Тој е од Базел, кој се наоѓа на границата со Германија. Затоа сакавме да игра за Германија, а не за Швајцарија. Разговарав со него, но тој веќе имаше сè договорено во Швајцарија и Базел. Иако се надевавме, бидејќи е на две милји од германската граница. Се обидов, но,..., изјави Бекер за германските медиуми. Инженер 

Бекер беше прашан дали се обидел да го убеди и Рафаел Надал да ја претставува Германија. Тој одговори: „Не. Тој е премногу Шпанец!“

Федерер заедно со Новак Ѓоковиќ и Надал се најдобрите тројца тенисери во првите две децении од 21. век. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан